Поезија



ДВОПИС - отец Методиј Златанов



Најновата поетска книга „Двопис“ има монолитна структура образувана од песни-парови во херметичка симетрија. Секоја песна еманира на страниците од книгата, најпрвин во кодиран облик, според најновата техника на пакување на алфанумеричкиот материјал со помош на брзочитачките код-генератори, а потоа и во конвенционален текстуален облик. На овој начин и самиот формален аспект на песната претставува глобална метафора на единството на душата и телото, невидливиот и видливиот аспект на нашето постоење, што е тематска окосница на целата потска книга.

Цена: 200,00 ден.
Додај во Кошничката





ИМПРОМПТУ - отец Методиј Златанов


Како што сугерира и самиот наслов, поетската збирка „Импромпту“ претставува колекција од лирски импровизации сместени во четири циклуси минималистичка поезија. Таа е плод на најновите поетички истражувања на авторот во сферите на визуелната поезија во корелација со естетиката на минимал-арт.

Цена: 250,00 ден.

Додај во Кошничката



Дениција - Петре М. Андреевски


Дениција е без сомнение една од најубавите македонски поетски збирки, а песната Кога ја љубев Дениција најубава творба напишана од великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски.

Цена: 200,00 ден.
Додај во Кошничката



Црква - Ило В. Гајтаноски


Поема која се одвива по една јасна, иако богата и сложена линија. Полна е со ликови и ситуации, со описи на настани и на атмосфери, со фасцинантни слики од секојдневието. Она што особено фасцинира и што длабоко врзува за овој пев на Гајтаноски, бездруго е исклучителноста, сочноста на неговиот лексички фонд. Напросто, оваа книга е вистинска ризница на , веќе подзаборавените и длабоко затрупани лексички богатства, кои се врзуваат за сложениот и ретко богат, традиционален амбиент на живеење во Македонија.

Цена: 100,00 ден.

Додај во Кошничката



Узда од ѕвезда - Санде Стојчевски


Поетското творештво на Санде Стојчевски се одликува со една темелно поставена и теориски ос него самиот образложувана за природата на уметничкото дело, посебно на лирската песна. Неговите настојувања се во правец на извишување на лирскиот текст, при што се користат најспротиставени градбени елементи, кои, меѓутоа, мора да го носат печатот на избраност.

Цена: 100,00 ден.

Додај во Кошничката



Кој и да си, дојди - Џелаледин Мевљана Руми



И по 800 години да се остане животворен е нешто што им е својствено само на исклучителните умови, кои, додека биле живи, не живееле само за себе и својот ограничен семеен или поширок круг луѓе, туку своето постоење го претвориле во мисла и порака упатена до сите од Бога создадени живи суштества на светот. Мевљана зад себе остави огромно дело, кое ги надвишува вековите и сите можни бариери. За големиот мистик, освен Создателот, не постојат никакви други граници, па ни во самата поезија.

Цена: 280,00 ден.
Додај во Кошничката