Wednesday, January 11, 2012

СЕКОЈ ИМА КНИЖАРНИЦА ДОМА


СЕКОЈ ИМА КНИЖАРНИЦА ДОМА


Ова мото најубаво ја објаснува идејата за отворање на првата интернет книжарница   во Македонија. Сакавме да ви ја доближиме книгата, сакавме да седнете пред вашиот компјутер и пред вас да се отвори едно непрегледно море од наслови и автори што би сакале да ги прочитате. Но, и повеќе од тоа. Интернет книжарница не е само виртуелна книжарница. Таа отвора еден простор, во кој вие можете да зачекорите онолку колку што сакате. Можеме да водиме дијалог, можете да добивате информации за автори и книги, можете вие да пишувате свои импресии за книгите што сте ги прочитале и напишаното да го видите на нашиот сајт, можете да гласате за книгите што ви се допаѓаат, можете да ни препорачувате што би сакале да прочитате на македонски јазик, можете да учествувате во наградните игри што ќе течат... Едноставно, Издавачкиот центар интернет книжарница ќе биде на вистински начин on line со вас.




1. Зошто сакам книги?
Зошто сакаме филмови, патувања, облека, убава храна... Има ли некој одговор на тоа прашање?
Сакаме книги затоа што тоа е уметност, задоволство и квалитетно исполнување на времето. Затоа што читање книга е како гледање одличен филм кој не трае само час и половина туку трае и трае, неколку дена па можеби и недели.

Велат дека во Македонија, луѓето немаат култура и навика за читање книги. Јас велам дека тоа не е точно. Велам дека тоа е глупост.

Добро, можеби голем дел немаат таква навика, потреба и желба, но затоа постои оној другиот дел од нас. Тоа сме НИЕ - оние кои ги обожаваат книгите, оние кои имаат страшна пасија да ги купуваат, читаат и прават колекции.

Таквите како НАС се малку одлепени во очите на другите од повеќе причини:

1. Затоа што ние читаме секоја ноќ пред спиење (дури и кога сме дошле дома под дејство на алкохол).

2. Затоа што ние читаме и кога не боли глава

3. Затоа што ние додека читаме не ги превиткуваме кориците на книгата, за да остане секогаш нова

4. Затоа што ние побеснуваме кога продавачките во книжарите почнуваат да ни го раскажуваат најинтересниот дел од книгата

5. Затоа што би ги дале последните пари за добра книга

6. Затоа што понекогаш плачеме на книга, а понекогаш и се смееме на истата кога сме сами во просторијата

7. Затоа што побеснуваме од идејата дека во Македонија нема веб страни за книга, седнуваме да научиме неколку нови технологии и правиме свој сајт.


Ова веќе ме води кон одговорот на прашањето сфатено во неговата втора смисла.

Зошто да му дадете значење на овој веб сајт, зошто да го посетувате, зошто го направив, зошто сакамкниги.мк?

Сакам книги е создаден од личност која е вљубена во книгите. Од личност која не пропушта саем, промоција, попуст или било каков друг настан поврзан со книгите. Затоа, сметам дека имам право и информации за да го направам овој сајт важен за сите оние како мене.

Веб страната е изработена на тој начин што ќе овозможува максимално ниво на интеракција и ангажираност. Сакам ова да биде место за сите НАС каде ќе можеме да коментираме, дискутираме, разговараме, предложуваме, оценуваме и критикуваме.

Она што јас го имам прочитано е капка во споредба со тоа што би можеле да го имаме доколку заедно го градиме и надополнуваме овој сајт.

Секој кој сака да учествува со свои содржини, може да стане корисник во неколку чекори. Доколку само сакате да коментирате, а да не учествувате со свои книги и содржини тогаш не мора да се регистрирате, само едноставно коментирајте во формите за коментар на крајот на секоја страница.

Па драги мои читатели, почнете да уживате во ова НАШЕ место!

Сиот тим на центар интернет книжарница е отворен за соработка и комуникација со вас.

No comments:

Post a Comment